Бев цврсто прилепена до неговото тело.Можев да го почувствувам неговото силно срцебиење,можев да слушнам како дише.Бев стуткана во неговата прегратка и си замислував колку би било прекрасно засекогаш  да останам таму.Одеднаш сите стравови се претвораа во спокој.Секој еден празен дел од мене сега беше полн.Но нешто како да ми фалеше.Знаев дека е до мене,можев да ги почуствувам неговите раце околу моето тело но никако неможев да му ја почуствувам љубовта.Тоа е она што фалеше.Тоа е она нешто кое што ми негостигаше за да бидам целосна.Тоа е она поради кое сиот свет ми се рушеше врз глава.Затоа што бев среќна со него.Затоа и толку многу ме болеше.Затоа што се сожалував самата себе си затоа што не барав многу.Барав само љубов од него,а тој како секогаш и овој пат одбиваше да признае.Негираше дека никогаш нема да ме засака.Ме залажуваше со зборови.Секој пат кога ќе се откажев од нас ќе ме натераше да се понадевам.И секој пат истата приказна која секој пат ја почнував одново без ниту еднаш да стигнам до крајот.И додека мислите ми лутаа сеуште бев до него.Некаде помеѓу сонот и јавето.И тогаш очите ми ги отвори реалноста која силно ми ја плескаше во лице секој пат кога ќе почнев да сонувам.

Не ми барајте љубов после него

Не ми барајте љубов после него.Не барајте од мене после него да се смеам.Не барајте од мене после него да бидам среќна со некој друг.Не барајте од мене после него да бидам истата јас.Не барајте од мене да не се сеќавам на минатото.Не ми бараје да го заборавам.Направете се само никогаш не барајте од мене да не го сакам.Немојте да ме терате да си го прекршам веувањето кое му го дадов.Не ме терајте да бидам како него.Да давам празни ветувања а потоа да заминам.Празни ветувања кои немам намера да ги исполнам.Да кажувам зборови кои не ги мислам.Да велам засекогаш а потоа еден ден да свртам грб и да заминам.Немојте.Јас не сум како него.Не барајте од мене после него да постојам.Не барајте затоа што единствено ќе најдете тело без душа.Топли раце а ладно срце.Вени низ кои што крвта која треба да тече веќе одамна е заледена.Не барајте затоа што после него од мене единствено нешто кое целосно останува е мојата сенка.Затоа што еднаш му кажав.Ако еден ден ме оставиш и заминеш вечно ќе живеам во сенки.

Среќна сум а се плашам.Се плашам затоа што знам дека со секој изминат ден сме се поблуску до крајот.Чекор поблиску до денот кога едниот од нас ќе стави крај.Од толкава среќа,на чекор поблуску до ужасна болка.А крајот е нешто што најмалку ни треба сега.Токму затоа и бегам.Бегам од реалноста која ми ја плескаш во фаца во секоја прилика.Сонот од кој ме будиш и не ми даваш да си создадам свет за нас двајцата.Затоа што и самиот знаеш дека кога тогаш ќе заминеш.И самиот знаеш дека еден ден ќе ме оставиш.Свесен си дека јас никогаш нема да те оставам.Дека секогаш ќе бидам тука.Знам дека не сакаш кога ме боли а знаеш и ти дека ако заминеш единствено болка ќе ми остане.
Се плашам да правам спомени со тебе затоа што нема да ми е сеедно за она што го имаме сега кога тебе ќе те нема.Се плашам да те имам затоа што еден ден ќе треба да те препуштам на друга.Се плашам да те гледам во очи затоа што ќе ми фалат кога погледот ќе го вртиш на друга страна.Сакам да те гледам насмеан ама се плашам дека еден ден нема да бидеш тука за да те слушам како се смееш.Се плашам од иднината.Се плашам од се што ни стои на пат.Се плашам од времето кое пребрзо поминува.Се плашам од крајот.Се плашам од твоето отсуство.Се плашам да бидам сама без тебе.

Последен за тебе

Не е ова еден од оние текстови кои се навикна да ги читаш со гордост гледајќи како патам по тебе.Не е ова за она доброто што го поминавме.Текстов е за се лошо што ми остави.Лошото по кое ќе те памтам дур сум жива.Лошото со кое на некој начин се искупи за она доброто.За добрите денови и сите спомени.Овој пат пишувам без никакви чувства.Пишувам за да ти покажам колку небитен ми стана во животов.За да ти кажам дека солзите си ги заменив со насмевка.
Не ги слушам повеќе оние песни во кои те пронаоѓав тебе.И текстов е последен што ти го посеветувам.Нема да ги оставам цигарите затоа што од тебе научив дека колку и да се трудам,ќе палам уште една која секогаш одново ќе ја нарекувам последна.Ќе престанам да пијам пиво затоа што ме потсеќа на онаа вечер.Во животов нема да имам некој кој ќе го носи твоето име.Никој никогаш нема да си дозволам да ми гледа со такво задоволство во очите полни со солзи.Те бришам од сеќавањата засекогаш.Те заборавам како никогаш да не си постоел.И ако некогаш во животот се смениш или пак дојдеш на мое место овој текст нека остане да те потсеќа на мене и болката која ми ја нанесуваше.Затоа што мора да сфатиш дека од минатото не се бега и дека карма.

Ноќта ми те даде,ноќта ми те зема

Вреди ли?Вреди ли за една вечер да си направиме пресврт на целиот живот?Вреди ли да си дозволиме да се губиме во прегратките на некој странец надевајќи на вистинска љубов?Вреди ли да им се препуштиме на бакнежите кои знаеме дека засекогаш ќе ни ги горат усните?
Не вредеше,но си дозволив.Си дозволив за момент да заборавам на светот околу мене.Заборавив не се.Заборавив да зборувам.Не чувствував.Иако длабоко во себе знаев колку грешам.Знаев дека ноќта ќе заврши,времето брзо ќе помине и ти повторно ќе и приѓаш неа.Ти повторно ќе бидеш нејзината љубов а јас некоја со која ја надополни љубовта која никоаш не ја доби од неа.Љубовта која таа незнаеше да ти ја даде на оној начин на кој ти ја давав јас.Но не ме сфати.Не ми ги сфати зборовите.Само бледо гледаше во моите очи.Како да чекаше да се исушат солзите кои ти ги предизвика.Како да чекаше да заврши она што го создадовме.
Не сфати дека твоите бакнежи не беа она што ми требаше.Твоите прегратки не беа она по кое што копнеев.Не сфати дека единствено барав љубов во твоето празно срце.
Ниту јас не те сфатив.И никогаш нема ни да те сфатам.Зашто дозволи да се изгубиме во минатото.Зашто дозволи да памтиме таков датум со толкаво каење.Таква ноќ со толку сеќавање.Ноќ која колку и да се трудиш да ја заборави засекогаш длабоко во себе ќе знаеш дека постоела.

Не е до љубовта.Не е до личноста на која ја даваме онаа безусловна љубов.Дo почитта е.Оној кој не почитува никогаш не би не повредил.Срце не се крши на оној кој некогаш ти значел.На таквите им се кашува збогум од срце.Од таквите не се бега без причина.Оние кои ги почитуваш не треба да ги оставаш без никакво објаснување.
А не ти значев,знам.Зарем би заминал така доколку некогаш бев вистински дел од твојот живот?Зарем би ме оставил без да ми објасниш?Не дека ми смета тоа што заммина,напротив.Ми го спаси срцево од болка.Ми направи услуга.Но не.Не е во ред да вртиме глава за да не ни се сретнат погледите.Не е во ред да бегаш од погледот во кој некогаш гледаше со љубов.Не е во ред да не изговориш ниту збор со усните со кои некогаш ме бакнуваше.Не е во ред да бегаме од реалноста.Да бегаме и да го негираме она што го имавме.Она што не беше ниту љубов ниту другарство.После се не е во ред да не изустиме ниту едно здраво.Не е во ред да  бидеме сртанци со такво минато.Не е.

Не болат зборовите.Не боли сегашноста.Боли минатото.Она што останува.Она што неможе да се дополни.Боли сето она што останува недокажано.Боли љубовта што никогаш не сме имале храброст да ја покажеме.Боли гордоста која била најголема кога најмалку ни била потребна.Боли тоа што никој не го цени ова сега.Никој не погледнува на времето кое го живееме.Никој се помислува на миговите кои се пред нас.Правиме грешки во сегашноста за кои во иднина ќе се каеме бидејќи станале минато.Бидејќи сме премолчеле многу работи кои требало да бидат кажани,а сме кажале многу работи кои никогаш не би требало да ги изговориме.А времето минува и не доведува до момент во кој се присеќаме токму на тие работи.Токму на она погрешното.Токму на оние неизговорени зборови.Токму на оние чаши вино кои секогаш ни остануваа на пола.Токму на онаа последна цигара која никогаш не ја испушивме заедно.Не доведува до степен да се мразиме самите себе си поради километрите кои не оддалечуваат од оние кои ги сакаме.Го прифаќаме тоа како наша грешка.Грешка што сме молчеле.Грешка што никогаш не сме кажале “Остани”.Се мразиме себе колку што ги мразиме километрите.Километрите кои ни ги раздвојуваат погледите.Километрите кои застануваат помеѓу нашата прегратка.Километрите поради кои ни останува само да се сеќаваме.Да се сеќаваме на она недовршено минато.Минатото за кое зборувам.